Професорот Јанко Бачев на меѓународна научна конференција
25 септември 2015Сребро за нашиот студент Јованоски на светски куп во Германија
30 септември 2015Од 21-ви до 26-ти септември во Варна се одржа IV студентски фестивал „Друзья, прекрасен наш союз“, организиран од руската фондација „Русский мир“. Фестивалот се одржа во комплексот „Камчија“, кој е во сопственост на Управата на град Москва.
Комплексот „Камчија“ каде се одржуваше фестивалот
Селфи заедно со колегите од рускиот универзитет „М. В. Ломоносов“
Меѓународениот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ e единствен универзитет од Македонија кој деновиве зема учество на овој меѓународен фестивал во Варна на кој присуствуваат над 350 студенти од уште 17 земји од Европа, како Русија, Италија, Полска, Германија, Грузија итн. На Фестивалот зема учество и најпрестижниот руски универзитет, Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“.
Официјален јазик на фестивалот е рускиот. Во рамките на фестивалот беа организирани повеќе конкурси за рецитирање, пеење, танцување итн, сите изведени на руски јазик.
На 24-ти септември низ улиците на Варна се одржа студентска парада придружена од оркестар, како повик за обединување на сите студенти од Европа.
Големото финале на фестивалот, на кое беа доделени плакети и благодарници на учесниците, се одржа на 26-ти септември.
Од 21-ви до 26-ти септември во Варна се одржува IV студентски фестивал „Друзья, прекрасен наш союз“.Меѓународен Славја...
Posted by Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ on Friday, September 25, 2015
Од 21-ви до 26-ти септември во Варна се одржува IV студентски фестивал „Друзья, прекрасен наш союз“.Меѓународен Славја...
Posted by Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ on Thursday, September 24, 2015
Од 21-ви до 26-ти септември во Варна се одржува IV студентски фестивал „Друзья, прекрасен наш союз“.Меѓународен Славја...
Posted by Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ on Wednesday, September 23, 2015