Од 29.05.2017 до 31.05.2017 студентите од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ го посетија градот Липецк, каде што зедоа учество во исполнета програма со спортски активности, интелектуални игри, концерт и претставување на својот универзитет.
Студентите беа поканети од страна на Липецкиот државен педагошки универзитет, со кој имаме склучено договор за соработка.