Денес студентите од втора година на Факултетот за безбедносно инженерство, насока Безбедност при работа како дел од практичната работа по предметот Проценка на безбедност на работно место посетија две градилишта.
Едното градилиште беше во Штип (новата клиничка болница), каде изведувач е Бетон – Штип, а другото во Кочани, каде во моментов се гради нова холандска фабрика за производство на цвеќе.