WELFARE – Workability and Flexicurity for Employment е името на проектот во кој учествуваа студенти одМеѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, а се одржа во Палермо, Италија, во периодот од 7-ми до 15-ти ноември. Учеството на нашите студенти беше овозможено од Форум на млади – Битола. На обуката учествуваа учесници од 15 европски земји: Норвешка, Данска, Англија, Португалија, Шпанија, Италија, Латвија, Литванија, Грција, Бугарија, Хрватска, Словенија, Романија, Турција и секако, Македонија. Домаќин беше италијанската организација CESIE, а проектот е во рамките на Erasmus+ програмата.
Некои од целите на обуката беа учесниците да се запознаат со новите креативни начини за подготвување на младите за пазарот на трудот, да се подигне свеста за важноста на културата и уметноста во секојдневниот живот и да се остварат интеркултурни врски помеѓу учесниците поради идни соработки. Обуката опфаќаше тим-билдинг активности, дебати, работа во групи, делови од визуелната уметност, музиката и театарот.
Дел од учесниците на обуката веќе го најавија своето гостување во Македонија, па така тоа ќе биде прилика своите знаења и вештини да им ги пренесат на нашите студенти. Првите учесници ги очекуваме веќе во февруари 2016-та. 🙂