Студенти од Славјански на студии за двојни дипломи во Русија

Потпишан договор за соработка помеѓу Славјански и МВР
7 февруари 2018
Полагање цвеќе пред споменикот „Руски крст“ во Битола по повод „Денот на руската дипломатија“
9 февруари 2018
Во периодот од 22-ри до 29-ти јануари 2018 студенти од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ беа во посета на Тамбов, Русија.
 
Во Тамбов се наоѓа нашиот партнерски универзитет – Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“. Студентите кои престојуваат во Тамбов се нашата прва генерација на студенти кои студираат по програмата за двојни дипломи.
 
По завршувањето на факултетот тие ќе се стекнат со македонска и руска диплома – издадена од нашиот партнерски универзитет – Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин” од Русија.
Во рамки на програмата студентите од Славјански земаа учество и во економска игра-натпревар заедно со 150 руски студенти и средношколци во Тамбов.