Во периодот од 22-ри до 29-ти јануари 2018 студенти од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ беа во посета на Тамбов, Русија.
Во Тамбов се наоѓа нашиот партнерски универзитет – Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“. Студентите кои престојуваат во Тамбов се нашата прва генерација на студенти кои студираат по програмата за двојни дипломи.
По завршувањето на факултетот тие ќе се стекнат со македонска и руска диплома – издадена од нашиот партнерски универзитет – Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин” од Русија.
Во рамки на програмата студентите од Славјански земаа учество и во економска игра-натпревар заедно со 150 руски студенти и средношколци во Тамбов.