Студенти од Славјански на летна школа во Тамбов, Русија

Одржана конференција во контекст на проектот „Кампања за родова инклузија и родово изедначување на правата на жените и девојките со попреченост“
16 јули 2019
Две слободни места за студентска размена во Липецк, Русија
5 август 2019

Студенти од Славјански на летна школа во Тамбов, Русија

Четири студенти од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во периодот од 17 до 30 јули ја посетуваат меѓународната летна школа за млади „Нашето единство е во нашата разновидност“ на Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ во Тамбов, Русија.

Во македонската делегација се и двајца претставици од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје.

200 учесници од 30 земји се дел од 14-дневната мултикултурна, образовна и едукативна платформа. Нашите студенти заеднички соработуваат и се дружат со студенти од Русија, Италија, Чешка, Полска, Србија, Виетнам, Кина… За студентите дополнително беше подготвена и културна и едукативна програма за Тамбовската Област.

Сите програми на летната школа се изградени врз принципот на проектните активности и гејмификација на образовниот процес.

„Програмата на летната школа се состои од неколку делови: технологии, комуникација, наука и иновации, креативност, образование и економија”, вели Татјана Осадчаја, проректорот за меѓународни односи и работа со странски студенти од Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ од Тамбов, Русија.

Летната школа ќе заврши симболично на 30-ти јули, Меѓународниот ден на пријателството.