Две слободни места за студентска размена во Липецк, Русија

Студенти од Славјански на летна школа во Тамбов, Русија
21 јули 2019
Известување за септемвриска сесија и почеток на наредната академска година
5 август 2019

Две слободни места за студентска размена во Липецк, Русија

Во рамки на договорот за соработка со Липецкиот државен педагошки универзитет од Липецк, Русија, Меѓународниот Славјански Универзитет  распишува конкурс за доделување стипендии за студенти за студиски престој во Липецк, Русија.

Липецк е административниот центар на Липецката област (над милион жители) и се наоѓа на 450 километри од Москва. Липецк како еден од најмладите регионални центри на Русија има над половина милион жители и е центар на специјална економска зона.

Липецкиот државен педагошки универзитет овозможува студентска размена за двајца студенти од Факултетот за информатика при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“. Предметите кои студентите ќе ги слушаат ќе бидат поврзани со безбедност и заштита на податоци, роботика и програмски јазици.



Времетраењето на мобилноста е еден семестар. Студентската размена започнува на втори септември 2019 и ќе трае до крајот на зимскиот семестар.

Универзитетот домаќин обезбедува:

  • сместување за студентите
  • 2 оброци дневно
  • посетување на настава по предмети од областа на информатиката
  • сертификат

По враќањето од Липецк на студентот ќе му бидат признаени положените испити од мобилноста.



Пријавување


За размена на додипломско ниво, право на пријавување имаат само редовни студенти со завршена прва година на студии на Факултетот за информатика при МСУ.

Патните трошоци и здравственото осигурување ги покриваат студентите.

При рангирањето, предност ќе имаат кандидатите кои аплицираат за првпат и досега не биле дел од студентските размени на МСУ. Исто така, предност ќе имаат кандидатите кои добро го познаваат англискиот и рускиот јазик.

Please wait...