Група студенти од Факултетот за правни науки при Меѓународниот Славјански Универзитет учествуваа на завршната конференција „Унапредување на реформите во правосудството – Kон враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем“ која се одржа на 29.03.2022 година како хибриден настан во Хотел Александар Палас Скопје и со онлајн учество преку платформата Zoom.
Конференцијата се организира по повод Денот на македонското правосудство (31.03.2022) како завршен настан на проектот „За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството во 2021 година“ поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Целта на конференцијата беше да поттикне дебата помеѓу правосудните институции и граѓанските организации заради идентификување на мерки неопходни за враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем во пресрет на отпочнувањето на процесот за изработка на нов стратешки документ за реформи во оваа област.
На конференцијата се презентираa и клучните наоди и заклучоци од Извештајот во сенка за спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството во 2021 година кој беше изработен од Блупринт групата.