Студенти од Факултетот за правни науки при МСУ во посета на Основниот суд во Свети Николе

Проф. д-р Мирослав Пендароски одржа предавање во Универзитетската библиотека во Пула за членови на Здружението на психолози од Истра
24 октомври 2021
Потпишан договор за соработка со Независен синдикат на одбраната
25 октомври 2021

Студенти од Факултетот за правни науки при МСУ во посета на Основниот суд во Свети Николе

По повод 25 Октомври, Европскиот ден на правдата, што секоја година се одбележува во сите европски држави, студентите од Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ имаа можност да се запознаат со работата на Основниот Суд Свети Николе и да ги разгледаат просториите и судниците.
Европскиот ден на правдата се одбележува со цел правдата да се доближи до граѓаните и поширокaта јавност и тие да бидат запознаени со нејзиното спроведување, односно да им се овозможи одблизу да се запознаат со нивните основни права во повеќе области (семејно право, право на сопственост, наследување, договорно право), како и со функционирањето на системот на правосудство во поширока смисла (пристап до правда, медијација, извршување на судски одлуки).