По повод 25 Октомври, Европскиот ден на правдата, што секоја година се одбележува во сите европски држави, студентите од Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ имаа можност да се запознаат со работата на Основниот Суд Свети Николе и да ги разгледаат просториите и судниците.
Европскиот ден на правдата се одбележува со цел правдата да се доближи до граѓаните и поширокaта јавност и тие да бидат запознаени со нејзиното спроведување, односно да им се овозможи одблизу да се запознаат со нивните основни права во повеќе области (семејно право, право на сопственост, наследување, договорно право), како и со функционирањето на системот на правосудство во поширока смисла (пристап до правда, медијација, извршување на судски одлуки).