Со над 10 Дедо Мразовци на мотори заврши Новогодишниот фестивал и базар

Голема посетеност на вториот ден од Новогодишниот фестивал и базар на МСУ
24 декември 2022
Реализирана практична настава во Психијатриска болница – Скопје
26 декември 2022

Со над 10 Дедо Мразовци на мотори заврши Новогодишниот фестивал и базар

Третата вечер од Новогодишниот фестивал и базар на МСУ ја одбележаа над 10 Дедо Мразовци кои пристигнаа на мотори во организација на Мото Клуб Свети Николе МЦЦ. Посетителите имаа можност да се фотографираат на моторите кои беа празнично украсени.

Третата вечер од базарот (24.12.2022, сабота) беше последен ден од базарот на кој посетителите можеа да одберат уникатен подарок за своите најблиски.



Како што претходно објавивме, годинава една од салите на Киноверзум беше претворена во голем леден тунел во кој се одржува базарот. Во ледениот тунел беа сместени околу 25 штандови со ракотворби, 10 од штандовите беа распоредени во дрвени куќички, а останатите во Киноверзум Lounge Bar. На базарот гостуваа ракотворци од Скопје, Велес, Свети Николе, Битола, Штип, Кочани, Пробиштип…

Меѓународен Славјански Универзитет и Киноверзум се заблагодаруваат на вработените, студентите, ракотворците, посетителите, како и на сите други кои дадоа свој придонес во реализација на базарот. Се гледаме следната година.