Со комична претстава беше одбележан патронатот на Меѓународен Славјански Универзитет

Меѓународен Славјански Универзитет со уште десет високообразовни установи потпишаа спогодба за меѓународна соработка
22 март 2019
Започнаа отворените денови на Славјански во Свети Николе
26 март 2019

Со комична претстава беше одбележан патронатот на Меѓународен Славјански Универзитет

Со премиера на комичната претстава „Не знам да лажам“ беше одбележан патронатот на Меѓународен Славјански Универзитет.

„Не знам да лажам“ е комедија подготвена од студентите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Градски аматерски театар „Сцена 71“ од Свети Николе.

Дејствието се одвива во една хаотична IT компанија. Мирче и Кирче се информатичари кои отсекогаш работеле самостојно, но наеднаш шефот во нивниот сектор ќе прими нова колешка, Цаци. Сакајќи да ја заштити Цаци од другите колеги, Кирче кажува лага. Но, тој не знае да лаже…

Претставата е во режија на Михаела Ѓорчева и Игор Тошев.

Текст и сценографија: Михаела Ѓорчева

Улогите ги толкуваа: 
Кирче – Игор Тошев
Мирче – Симеон Христовски
Цаци – Маја Маријана Панајотова
Шефот – Адриано Панајотов
Гоки – Иван Нацевски
Колегата – Кристијан Цанев
Милка – Ангела Динева
Пожарникарот – Тијана Гаврилова

Техничка поддршка:
Ивана Ангелова
Тијана Гаврилова
Анабела Николова