Славјански на семинар во Европската Агенција за БЗР во Билбао

Нашата студентка Пулексенија Јованоска на ЕП во Шпанија
6 април 2019
На МСУ новинарите ги избраа најдобрите од истокот
6 април 2019

Славјански на семинар во Европската Агенција за БЗР во Билбао

Деновиве претставничка од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ заедно со претставници на Македонското здружение за заштита при работа зема учество на семинар во Европската
Агенција за БЗР во Билбао, Шпанија.

М-р Тањица Трајчева, која е наш претставник на семинарот, работи како овластено лице за БЗР при МСУ.

Целта на студиското патување е стекнување на знаења и поврзување на професионалците од Балканот со претставници од
земјите од Европската Унија.

На ова студиско патување се реализираше посета на Европската Агенција за безбедност и здравје при работа (EU OSHA), чија цел е да ги направат европските работни места побезбедни, поздрави и
попродуктивни – во корист на стопанството – работодавачите, вработените и владите.