На МСУ новинарите ги избраа најдобрите од истокот

Славјански на семинар во Европската Агенција за БЗР во Билбао
6 април 2019
Студенти од Русија на Мастер студии на МСУ
6 април 2019

На МСУ новинарите ги избраа најдобрите од истокот

Новинарите од регионалниот центар „Исток“ во состав на ЗНМ, на 5-ти април во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ свечено ги доделија признанијата на компаниите, институциите и лицата кои со своите дела придонесуваат кон создавањето на убавата слика за источниот регион.

На свеченоста настапи и музичката група ЃоМиЖиСто и ИВАНА. Ова беше финалниот настан од процесот на избор на најдоброто од источниот регион во повеќе области: стопанство, образование, култура, здравство, општествена одговорност, новинарство, спорт, екологија.

Признанија за НАЈДОБРОТО ОД ИСТОЧНИОТ РЕГИОН за 2018 година им беа доделени на:

Викторија Димитрова Јованова – најдоброто во новинарството

„Амфенол Технолоџи“ – Кочани – најдобра странска инвестиција

„Витаминка“ – Прилеп – најдобра домашна инвестиција во рестартот на фабриката за масло „Брилијант“ во Штип

Драгица Здравева – раководител на Центарот за развој на ИПР, менаџер на годината

Академик, проф. Д – р Блажо Боев, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, најдоброто во науката

Анѓелка Пеева Лауренчиќ – најдобриот амбасадор на регионот во државата

„Макпрогрес“ – Виница, општествено најодговорна компанија

„Регионален центар за застапување“ – Делчево – најдоброто во невладиниот сектор

Кирчо Стојанов – Кочани – најхумана личност

Љупка Стојменова – најдоброто во образованието

Д – р Александар Мишев – специјалист по очни болести, Клиничка болница – Штип, најдоброто во здравството

Република Словенија – најдобриот пријател во регионот

ФК „Кит Го – Пехчево“ – најдоброто во спортот

Рудник „САСА“ – најуспешен колектив во последната петолетка

„Фармахем“ – најдоброто во заштитата на животната средина

ГАТ „Сцена 71“ – Свети Николе – најдоброто во културата