Нашата студентка Пулексенија Јованоска на ЕП во Шпанија

Се одржа и вториот отворен ден на Славјански во Битола
1 април 2019
Славјански на семинар во Европската Агенција за БЗР во Билбао
6 април 2019

Нашата студентка Пулексенија Јованоска на ЕП во Шпанија

Каратистката Пулексенија Јованоска, воедно и студентка на Факултетот за економија и организација на претприемништво на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола, се врати со петто место од Европското првенство за сениори 2019 во Гвадалахара, Шпанија од 28 до 31 март 2019 година.

Јованоска, натпреварувачка во кати, беше пласирана на петтото место и само 0,6 поени ја делеа од бронза, која припадна на Франција.

Ова е најдобар пласман за Република Северна Македонија во натпреварите во кати. Успесите на нашите студенти претставуваат успеси и за нас како високообразовна институција!

Квалификациите ги помина со три добиени борби со најдобри бодови во група.