Се одржа вебинарот по повод Светскиот ден на здравјето

Упатство за електронска пријава за испит за Априлска сесија 2021
6 април 2021
Набавување на потребната литература за априлска испитна сесија
8 април 2021

Се одржа вебинарот по повод Светскиот ден на здравјето

Македонското научно друштво – Битола во партнерство со Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и АНИМА – центар за личен развој, психотерапија и едукација организираа Вебинар по повод Светскиот ден на здравјето. Вебинарот се одржа на 7-ми април од 18:00 до 20:00 часот преку Zoom.
Модератор на настанот беше доц. д-р Невена Груевска, претседателка на Македонското научно друштво – Битола и продекан за настава на Факултетот за безбедносно инженерство при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ Свети Николе – Битола.


Здравство: „Човечките ресурси – столб на здравствениот систем во време на пандемија“
  • Др. Билјана Гагачовска, спец. психијатар и психотерапевт, директор на Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“ Битола
  • Прим. Др. Мери Џарлиева, спец. педијатар-неонатолог, тема: „Пост инфективен мултисистемски инфламаторен синдром кај децата со прележана Ковид инфекција“
  • Ана Бунтеска, поетеса – тема: „Придонесот на поезијата/уметноста во подобрување на квалитетот на животот во време на пандемија“


Психологија: „Зачувување и унапредување на менталното здравје во време на пандемија на КОВИД-19“

  • Вонреден професор д-р Сашо Кочанковски, психолог и Гешталт терапевт, тема: „Менталното здравје во време на пандемија со Ковид-19 – резултати од наши истражувања“
  • Вонреден професор д-р Марија Котевска Димовска, психолог и Гешталт терапевт, тема: „Улогата на емоционалната интелигенција во заштита на менталното здравје во услови на пандемија“
  • Вонреден професор д-р Мирослав Пендароски, психолог и психотерапевт, тема: „Егзистенцијалистички дилеми во психологијата на поединецот во време на пандемија“
  • Вера Димовска, претседател на АНИМА – центар за личен развој, психотерапија и едукација – тема: „Психолошка поддршка/помош преку телефон во текот на пандемијата од Ковид-19 (наши искуства)“


Сите учесници на настанот ќе добијат сертификати за учество во тек на наредната недела.