Упатство за електронска пријава за испит за Априлска сесија 2021

Известување за АПРИЛСКА испитна сесија
4 април 2021
Се одржа вебинарот по повод Светскиот ден на здравјето
8 април 2021

Упатство за електронска пријава за испит за Априлска сесија 2021

Почитувани студенти,

пријавувањето на испитите за Априлската сесија ќе се одвива целосно електронски преку системот Е-школарина. Пријавувањето започнува од 6-ти април до 9-ти април.

Максималниот број на испити што можат да се пријават е 5.

Купувањето на пријавата е конечно. Сите студенти кои имаат неподмирени обврски за тековната студиска година согласно договорот за студирање нема да бидат во можност да го полагаат испитот. Доколку не сте сигурни за статусот можете да ја контактирате студентската служба во Свети Николе на телефон +389 32 440 330 и во Битола на телефон +389 47 222 503 за повеќе детали.

Во прилог е упатството за пополнување на електронска пријава за испит за Јануарската испитна сесија. Доколку имате технички прашања во врска со пријавувањето, Ве молиме обратете се во Службата за Е-учење на eucenje@msu.edu.mk или на +389 78 295 567.


Чекор 1


Кликнете на линкот за поднесување на пријава.

https://e-shkolarina.msu.edu.mk/uplati/prijava-za-ispit/prijava-za-ispit-aprilska-2021/


Чекор 2


Изберете го потребниот број на предмети (од 1 до 5, зависно колку предмети сакате да полагате) и кликнете на копчето Во Кошничка.


Чекор 3


Откако ќе биде додадена пријавата во кошничка кликнете на НАПЛАТА.


Чекор 4


Пополнете ги податоците за предметите, изберете го полето Ги прочитав и се согласувам со условите и правилата и кликнете УПЛАТА. Откако ќе кликнете на УПЛАТА ќе бидете пренасочени кон страницата на Халк Банка за безбедно плаќање каде ги внесувате податоците од платежната картичка и по успешно плаќање системот ве пренасочува назад кон страницата за комплетирање на нарачка.

Доколку има некаков проблем со пријавата, нашите служби ќе Ве контактираат.