Се одржа предавање за Еразмус+ програмата на МСУ во Свети Николе

Тренинг обука за само-ефикасност на тема „Како да се победи одложувањето” во Битола
17 април 2019
На МСУ во Битола се одржа тренинг обука за само – ефикасност
18 април 2019

Се одржа предавање за Еразмус+ програмата на МСУ во Свети Николе

Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ како член на Еразмус + програмата им нуди можност на своите студенти, професори и административен кадар кои се дел од оваа институција да остварат мобилност во рамките на претстојните академски години.

Студентите имаат можност да поминат еден семестар на еден од нашите партнерски странски универзитет во друга земја и тоа целосно финансиски покриено од оваа програма.

Со цел подетална промоција на можностите кои ги нуди оваа програма, одговорните лица за високообразовни институции од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност  денес остварија информативна сесија на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе.