Се одржа онлајн трибината на тема „Психосоцијална поддршка на лицата со посебни потреби и нивните семејства за разрешување на нивните проблеми и предизвици“.
Се одржа онлајн трибината на тема „Психосоцијална поддршка на лицата со посебни потреби и нивните семејства за разрешување на нивните проблеми и предизвици“.
По повод 3-ти декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ организираше онлајн трибина на тема „Психосоцијална поддршка на лицата со посебни потреби и нивните семејства за разрешување на нивните проблеми и предизвици“.
Онлајн трибината се одржа преку платформата Zoom на 03.12.2020 со почеток од 10:00 часот и имаше околу 160 учесници. Трибината ја отвори деканката на Факултетот за психологија при МСУ, проф. д-р Анита Ристеска.
На трибината со свои излагања земаа учество:
Ивана Ѓорѓиевска, дипломиран и лиценциран психолог и активен член на Здружението на психолози за стручна и морална поддршка на деца и возрасни „Рилука“ – Битола.
Далиборка Златева, претседателка на Здружението на лица со церебрална парализа, Велес. Јордан Андов, лице со аутизам и член на Здружението на лица со церебрална парализа од Велес се вклучи на настанот и ја поздрави публиката со рецитирање на песната „Другарство“.
Ирена Николовска Ристановска, родител на дете со посебни потреби
д-р Вангелица Гаврилова, професор на Факултетот за психологија на МСУ „Г. Р. Державин“ и соработник на Здружението на лица со церебрална парализа, Велес.
д-р Горица Поповска Налевска, професор на Факултетот за психологија на МСУ „Г. Р. Державин“, активист на полето на социјалната и образовната инклузија, автор на повеќе публикации од областа на инклузијата, активен член на Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби.
Во рамки на трибината публиката можеше да поставува прашања до предавачите, како и да дава предлози за подобрување на работата во оваа област. Учество земаа и студентите од Факултетот за психологија.
Настанот беше отворен за сите заинтересирани граѓани.