Резултати од конкурсот „Јас, Итар Пејо“

Новогодишен ликовен и фото конкурс со изложба на најубавите новогодишни елки
29 ноември 2020
Се одржа онлајн трибината на тема „Психосоцијална поддршка на лицата со посебни потреби и нивните семејства за разрешување на нивните проблеми и предизвици“.
3 декември 2020

Резултати од конкурсот „Јас, Итар Пејо“

Почитувани учесници,

Соработничкиот тим на Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ – Свети Николе има голема чест и задоволство да Ви се заблагодари јавно за вашето учество на Вториот интернационален КОНКУРСОТ ЗА КАРИКАТУРА И АФОРИЗАМ на тема: „Јас, Итар Пејо“ и слободна тема кој беше отворен од 15 јули и траеше до 30 септември 2020 година.

Целта на конкурсот беше да го стимулираме уметничкото творештво и да обезбедиме платформа на која луѓето ќе можат слободно да ги искажат своите мислења преку карикатури и афоризми. На конкурсот пристигнаа 253 карикатури, афоризми од 63 автори и 158 карикатури во детска и младинска конкуренција.

Да се учествува на еден ваков тип на интернационален конкурс, втор по ред на нашиот Институт е повеќе од познавање и можност за изразување на уметничката форма, бидејќи во основата на афоризмите и карикатурата препознаваме поинаков тип на уметност кој иако навидум изгледа како уметност кој поседува посебен и развиен јазик, сепак во позадината се крие еден силен крик до сите чинители на современието кое го живееме.



Големиот интерес и потребата да се истакне пораката која ја доставивте до сите нас уште еднаш ни потврди дека младите се неисцрпен извор на идеи и нивната храброст да го истакнат она невидливото, привидното со што не потикна да им дадеме посебно место и можност да земат свое учество во (Детска и младинска конкуренција), за кои дополнително издвоивме средства за наградени дела.

Големиот број на уметнички дела кои стигнаа не само од нашата земја, туку и од многу земји од светот само ни ја потврди гладта за уметничка креација, и желбата да се искаже „човекот“ од различни возрасни групи со свој посебен јазик со целосна слобода и автономија, имагинација, спонтаност, креативност.

На сите ни е познато дека уметноста во себе содржи многу психолошки корени на нештата поврзани со нашата реалност. Новата реалност која ја „живееме“ неколку месеци поради пандемијата предизвикана од КОВИД-19 на своевиден начин многумина ја претворија во „време за уметноста“ кое придонесе можност за поттикнување на креативно размислување, изнаоѓање „нови таленти“, и дела кои длабоко во себе како да ја истакнуваат свеста (лична, колективна, универзална). Но, ние успеавме да Ве мотивираме и инспирираме и овој пат – сето преживеано, доживеано, или пак, стравот од „утре“, со сите позитивни и негативни елементи на внатрешното чувство и коренспондирајќи ја надворешноста на човекот, со сите негови карактерни особености, и низ мноштвото психолошки пораки кои се вкоренети во „невидливото“ и латентното да создадете ваши уметнички изрази и за момент да заборавите на „она“ кое ве дефокусира од „животот кој го посакувате“.

Зошто темата „Јас –Итар Пејо? Токму во овој момент, свесни дека фокусираноста на еден од најхумуристичните ликови на овие простори ќе ве однесе во една релаксирачка состојба и за миг ќе ве насмее, ќе ве потсети на вашето дество, на вашите вредности кои ве одржале во време и невреме со сите реперкусии на животот.

Секако и слободната тема беше од големо значење заради предизвикот кој го очекувавме од вашите уметнички дела преку ваквите уметнички форми на изразување.

Делата кои ги добивме се од особено значење за целокупната јавност бидејќи тие ни ја прикажуваат реалноста низ вашата мисла, искажана духовито, која во себе содржи иронија, сарказам, глобален парадокс, пресврт за да ни ја посочите содржајната поента, како и обид преку вашата креативност да ја пробудите кај “човекот“ повторно природната потреба од шега и смеа, но, притоа ни давате можност да ја согледаме и клучната улога за интелектуалниот развој на нашите претходници, како и за нашите современици, за да можеме најреално да ги воочиме, или пак, откриеме сите оние елементи кои не се вклопуваат во опшествените текови, елементите на хаосот, безредието, и преку иронија, сарказам и соодветна духовитост без вулгарности да ни го испратите внатрешниот крик за ОНА што го живееме, или преживуваме сите ние на соодветен начин.

Вие, драги учесници Си подаривте, Ни подаривте, И подаривте на целокупната јавност дела кои се дел од вашата заложба, вашата мисла, вачата духовитост, вашата талентираност која можеби на многумина ќе им биде индикатор за да ги види(ме) нештата (по)јасно и за да може да се одгатнат и најголемите психолошки проекти – Личноста и Заедницата, преку вашите чувства како творец која создава ваков тип на уметнички дела.

Комисијата која е задолжена да ги согледа, детерминира и детектира делата како тоталитет од сите аспекти значајни за да се одберат најдобрите и најкомплексните дела е ставена пред тежок чин. Комисијата во периодот од 10-20 ноември имаше голема чест и задоволство да ги оценува делата и на 30 ноември да ги соопшти информациите за наградените дела:


Наградени во категорија карикатура


1 место – златна плакета, златна статуетка Итар Пејо, парична награда од 300 евра – Luc Descheemaeker – Белгија.


2 место – Сребрена плакета, сребрена статуетка Итар Пејо, парична награда од 200 евра – Ray Costa, Бразил. 

 


3 место – Бронзена плакета, бронзена статуетка Итар Пејо, парична награда од 100 евра – Rasoul Haijzadeh, Иран.


Специјални награди – дипломи за посебен успех на конкурсот


Марко Ивиќ, Хрватска


Блаже Докулески, Македонија


Маја Чолакова, Бугарија


Edi Dharma, Индонезија


Кети Радевска, Македонија


Sudarmanto Bogel, Индонезија


Цочо Пеев, Бугарија


Serpil Kar, Турција

 


Наградени во категорија афоризми


1 место – златна плакета, златна статуетка Итар Пејо, парична награда од 300 евра – Слободан Симиќ, Србија.

  • Црната овца ги иритира сите овци. На волците им е сеедно.
  • Законот е ист за сите. Селективен.

2 место – Сребрена плакета, сребрена статуетка Итар Пејо, парична награда од 200 евра – Нинус Несторовиќ, Србија.

  • Нашиот народ секогаш станува во исто време. Во пет до дванаесет.
  • Кај нас само пророците се лажни. Будалите што им веруваат, секогаш се вистински.

3 место – Бронзена плакета, бронзена статуетка Итар Пејо, парична награда од 100 евра – Милан Куриџа, Босна и Херцеговина

  • Воведуваме здрави навики. Го гаснеме телевизорот штом ќе започнат вестите.
  • Картите за странство се многу скапи. Затоа што автобусите назад се враќаат празни.

Специјални награди – дипломи за посебен успех на конкурсот


Владо Влаховиќ, Црна Гора

  • Потковицата ми донесе среќа.Сега ми е полесно кога ќе ме натоварат.
  • Па што ако имавме многу жртви?! Тоа беше за наше добро.

Мирослав Штерјовски, Македонија

  • На кутнат народ не му се полагааат сметки,
    туку цвеќе.
  • Лесно е да се дресира народ со кучешки стандард.

Аркадиј Давидович, Русија

  • Живот – единица мерка за вечност.
  • Ако на пријателите не им ја простите подлоста, ќе се осудите на самотија.

Јово Николиќ, Република Српска

  • Волкот мораше да го изеде магарето. Не сакаше да поднесе оставка.
  • Овој народ е спремен на потоп, само да не дојде до поплави

Марјан Анѓеловски, Македонија

  • Непријателот никогаш не спие. Особено кога се враќаш пијан од кафеана.
  • И ние би избрале нормални политичари, ама болеста не бира.

Деана Саиловиќ, Србија

  • Гладната година ја дочекавме скромно. Во кругот на семејството.
  • Финансиската конструкција е затворена. По крадците сè уште се трага.

Маја Цекова, Бугарија

  • Краткото памтење има долга историја.
  • Кога народот е заспан, власта спие спокојно.

Наградени во детска и младинска категорија


1 место – златна плакета, златна статуетка Итар Пејо, парична награда од 100 евра и комплет за сликање – Стефан Станковски, Македонија.

 


2 место – Сребрена плакета, сребрена статуетка Итар Пејо, парична награда од 50 евра и комплет за сликање, Карина Нурписова, Русија.

 


3 место – Бронзена плакета, бронзена статуетка Итар Пејо, парична награда од 30 евра и комплет за сликање, Радица Стојкоска, Македонија.

 


Специјални награди – дипломи за посебен успех на конкурсот


 

Ангела Сибиновска, Македонија


Јана Бутеска, Македонија


Михаела Василевска, Македонија

 


Ева Дејановска, Македонија


Василиј Закоски, Македонија

 


Алина Јагофарова, Русија


Добитниците на наградите ќе бидат контактирани во тек на месец декември за достава на наградите. Во меѓувреме можете да се обратите на itarpejo@kultura.msu.edu.mk.

Сите останати учесници ќе добијат електронски сертификати на електронската адреса од која аплицирале.

Срдечно Ве поздравуваме сите и Ве очекуваме на следните наши проекти да се вклучите како учесници, иницијатори на нови идеи, но и како критичари на внатрешната и надворешната дијалектика.

Со почит,

Проф. Д-р Соња Ризоска Јовановска,
Директор на Институтот за култура и уметност при МСУ