Денес на 28.04.2017 на Меѓународниот Славјански Универзитет Г. Р. Державин се одржа меѓународна изложба на творби која е организирана од страна на здружението „Лидери на светската заедница“ од Русија. Во Свети Николе гостуваат две претставнички на ова здружение, Ирина Бондар и Ирина Гвоздкова од Волгоградскиот институт за бизнис. За прв пат во Македонија се одржува овој вид на изложба, а уметниците кои учествуваат имаат испратено преку 900 творби. Македонија не е единствената земја каде што се одржува овој културен настан. Настанот се одвива во 28 земји и одовде изложбата продолжува во Куба, Шпанија, итн.