Се одржа десеттото предавање од ППП – Моќта на верувањето и верување во моќта за „едност“ во Универзумот

Промовирана збирката есеи „Средношколски размислувања – 6“
30 мај 2022
Првоодделенчињата од ООУ „Ванчо Прке“ – Штип во посета на Киноверзум, единственото универзитетско 3D кино
3 јуни 2022

Се одржа десеттото предавање од ППП – Моќта на верувањето и верување во моќта за „едност“ во Универзумот

Моќта на верувањето и верување во моќта за „едност“ во Универзумот е десеттото предавање во рамките на Платформата за психолошка поддршка. Предавањето се одржа на 31.05.2022 година со почеток од 20:00 часот.

Предавањето го водеше проф. д-р Соња Ризоска Јовановска од Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет. Гостинка на предавањето беше Катерина Ангеловска – автор, тренер за личен развој, мотивациски говорник и наша студентка на постдипломските студии на Факултетот за психологија. На предавањето имаше над 300 учесници.

Предавањата во рамките на платформата за психолошка поддршка се бесплатни и учество може да земат сите заинтересирани граѓани.