Промовирана збирката есеи „Средношколски размислувања – 6“

Успешен завршеток на натпреварувачката сезона за нашите девојки од ЖРК Овче Поле – Славјански Универзитет
30 мај 2022
Се одржа десеттото предавање од ППП – Моќта на верувањето и верување во моќта за „едност“ во Универзумот
31 мај 2022

Промовирана збирката есеи „Средношколски размислувања – 6“

Промоцијата на збирката есеи „Средношколски размислувања – 6“ се одржа на 27 мај 2022 година (петок) со почеток од 20:00 часот. Збирката есеи содржи над 170 есеи напишани од талентирани средношколци од речиси сите средни училишта во земјава.

Есеите кои се објавени во збирката се на македонски, англиски и албански јазик и сите беа дел од Конкурсот за средношколски есеи. Промотор на збирката есеи беше проф. д-р Соња Ризоска Јовановска, директорка на Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет.



Целта на конкурсот за средношколски есеи беше да создадеме платформа каде средношколците ќе можат да ги споделат своите ставови без страв и притисоци. Воедно, сакавме да слушнеме што тие имаат да кажат за средината во која живееме, за нивната визија за иднината и за нивните стремежи да го направат светот поубаво место за живеење. Есејот е форма која им овозможува на младите на слободен начин да ги искажат нивните ставови и размислувања на одредена тема која им е соодветна и блиска.

Резултатите ќе бидат објавени на 10 јуни 2022, најдоцна до 12:00 часот на нашата веб страница.