Рекордни 377 учесници на 6-тиот дел од вечерните дискусии на теми од психологијата со доц. д-р Ана Чучкова

Повик за учество на осмата меѓународна научна конференција на тема „Глобални трендови во 2021 година“
22 февруари 2021
Студентски блог: Во овој машки свет, биди горда што си жена – Симона Јовановска
26 февруари 2021

Рекордни 377 учесници на 6-тиот дел од вечерните дискусии на теми од психологијата со доц. д-р Ана Чучкова

Шестиот дел од вечерните дискусии на теми од психологијата со доц. д-р Ана Чучкова се одржа на 25-ти февруари од 21:00 часот. На дискусијата на тема „Стравови“ имаше рекорден број на учесници (377), споредено со претходните дискусии. Гости на настанот беа Александар Георгиевски, оснивач на Gotham – Travel & Events и Михаил Стевчев, оснивач на Treebanks.

Во дискусиите се обидовме да одговориме на прашањата „Зошто постои стравот?“ и „Како се справуваме со стравот?“. Гостите на дискусијата ги споделија своите искуства и стравовите кои ги имале додека ги основале своите компании, но и за време на работењето. Најважниот дел од дискусијата беше моментот на „надминување на стравовите“, при што гостите на дискусијата ги споделија своите искуства и методи за справување со стравот.



По големиот интерес за „Деновите на психологијата на МСУ“, воведовме циклус на отворени предавања на МСУ. Започнавме со вечерни дискусии на теми од психологијата со доц. д-р Ана Чучкова. Првата дискусија беше бесплатна и се одржа на 3-ти декември 2020 на тема „Стоицизам – како начин на живеење во модерно време“ со околу 140 учесници.

Втората дискусија исто така беше бесплатна и се одржа на 17-ди декември 2020 на тема „Цртите на личноста и асертивноста“. Дискусијата се одвиваше онлајн преку платформата Zoom и траеше околу 2 часа, а имаше над 140 учесници.

Третата дискусија, како и претходните две се одржа бесплатно на 14-ти јануари на тема „Мотивација“ на која имаше околу 200 учесници.

Четвртата дискусија, исто така се одржа бесплатно на 28-ми јануари на тема „Психологија и пропаганда“. На четвртата дискусија гостин беше актерот Марјан Ѓорѓиевски.

Петтата дискусија беше бесплатна и се одржа на 11-ти февруари на тема „Благосостојба и мудрост“, а гости беа Тони Зен и Иванчо Горјанин – сенсеи.

Седмиот и ПОСЛЕДЕН дел од овој циклус на дискусиите ќе се одржи на 11-ти март. Регистрирањето е преку следниов линк.