Деновиве во Велико Трново се прават завршните подготовки за реализирање на проектот за заеднички магистерски студии со Великотрновскиот универзитет „Св. св. Кирил и Методиј“, Бугарија.
Студиите ќе бидат на англиски јазик и ќе бидат атрактивни за потенцијалните студенти од регионот и од пошироко. Нудиме три нови современи програми дизајнирани за потребите на новите генерации и за новите општествени предизвици.
На работната средба присуствуваа ректорот на Великотрновскиот универзитет „Св. св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Христо Бонџолов и проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен Одбор на Меѓународен Славјански Универзитет.