Работна средба со делегацијата од Великотрновскиот универзитет „Св. св. Кирил и Методиј“

Д-р Вангелица Гаврилова беше еден од предавачите на заедничките работилници со партнерите од Истанбул – Yeni Yaşam Okulu
9 март 2021
После седум успешни дискусии и вкупно 1000 уникатни посетители заврши првиот циклус на вечерни дискусии на теми од психологијата со доц. д-р Ана Чучкова
12 март 2021

Работна средба со делегацијата од Великотрновскиот универзитет „Св. св. Кирил и Методиј“

Денес, 11-ти март, на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе гостуваше делегација од нашиот партнерски универзитет – Великотрновскиот универзитет „Св. св. Кирил и Методиј“ од Велико Трново, Бугарија. Делегацијата беше предводена од проф. д-р Христо Бонџолов, ректор на Великотрновскиот универзитет.

На работната средба присуствуваа и проф. д-р Даниела Тасевска од Великотрновскиот универзитет, проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен Одбор на МСУ, проф. д-р Ленче Петреска, ректорка на МСУ, м-р Борче Серафимовски, заменик претседател на Управен Одбор на МСУ и м-р Милена Спасовска.

На денешната средба се дискутираше за досегашната соработка, а посебно за отворањето на трите студиски програми на Великотрновскиот универзитет на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе. Исто така се разгледуваа и можности за соработка на нови полиња.