Денес на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе се одржа работен состанок помеѓу проф. д-р Миглена Темелкова ректорка на Високата школа за телекомуникации и пошти од Софија, Бугарија, и проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен одбор на МСУ.
На состанокот на проф. д-р Јордан Ѓорчев му беше врачена почесна плакета од ректорката на Високата школа за телекомуникации и пошти од Софија. Наградата првично требаше да биде врачена на Гала концертот „Традиција и иновации во 21-виот век“ кој се одржа во 2021 година, по повод 140-годишнината од основањето на Високата школа за телекомуникации и пошти. Високата школа за телекомуникации и пошти е еден од најстарите универзитети на Балканот.
На состанокот се разговараше за акредитирање на заеднички студиски програми од областа на сајбер безбедноста и дигитална јавна администрација и за други заеднички проекти од областа на компјутерските науки.