Шаховскиот турнир Опен Державин – 2019 ја собра младинската шаховска елита од нашата земја на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола.
Вчера во Битола пристигнаа најдобрите по рејтинг Андреј Вељаноски и Матеј Ѕвездакоски, државните прваци Антон Златков, Леонид Петрески, Михаела Зрмановска, Јована Давиткова, Андреј Калин, Никола Петровски и Наде Смилевска во различни возрасни категории.
Турнирот за отворен го прогласи градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, која истакна дека и натаму ќе ги охрабрува успесите на младите во индивидуалните спортови, кои покрај личните успеси, носат успех и на општината, која одигра ревијална партија шах со најмалиот државен првак, Наде Смилевска.
Пријавени беа вкупно 34, а настапија 31 кандидат, со тоа што албанските шахисти поради елементарната непогода го откажаа своето присуство.
Денес започнува и вториот паралелен турнир Рапид Державин – 2019 кој е наменет за најмладите шахисти. Така, во Битола имаме гости од Албанија кои ќе се натпреваруваат со македонските шахисти.