На 06.06.2022 година во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, се одржа промоцијата на две универзитетски изданија: „Вештачка интелигенција“ и „Менаџмент на софтверски потреби“ од авторот проф. д-р Маријан Стевановски. Издавач е официјалната издавачка куќа на Меѓународен Славјански Универзитет – Меѓународен центар за славјанска просвета – Свети Николе.
Рецензентите проф. д-р Марјан Младеновски и дипл. псих. спец. Ивица Благојевиќ имаа свое обраќање пред бројната публика. Рецензенти на публикациите се и проф. д-р Орце Симов и проф. д-р Сашо Манасов од Факултетот за информатика при МСУ. Свое обраќање имаше и авторот на изданијата при што се заблагодари на сите оние кои земаа учество во настанот и тоа: