Промовирани книгите „Вештачка интелигенција“ и „Менаџмент на софтверски потреби“ од проф. д-р Маријан Стевановски

Се одржа 13-та Меѓународна научна конференција „Меѓународен дијалог: ИСТОК-ЗАПАД“
10 јуни 2022
Проф. д-р Бојан Крстиќ, проф. д-р Снежана Живковиќ и доц. д-р Тамара Раденовиќ во посета на МСУ во рамки на CEEPUS програмата за мобилност
14 јуни 2022

Промовирани книгите „Вештачка интелигенција“ и „Менаџмент на софтверски потреби“ од проф. д-р Маријан Стевановски

На 06.06.2022 година во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, се одржа промоцијата на две универзитетски изданија: „Вештачка интелигенција“ и „Менаџмент на софтверски потреби“ од авторот проф. д-р Маријан Стевановски. Издавач е официјалната издавачка куќа на Меѓународен Славјански Универзитет – Меѓународен центар за славјанска просвета – Свети Николе.

Рецензентите проф. д-р Марјан Младеновски и дипл. псих. спец. Ивица Благојевиќ имаа свое обраќање пред бројната публика. Рецензенти на публикациите се и проф. д-р Орце Симов и проф. д-р Сашо Манасов од Факултетот за информатика при МСУ. Свое обраќање имаше и авторот на изданијата при што се заблагодари на сите оние кои земаа учество во настанот и тоа:

  • Меѓународен Славјански Универзитет – Свети Николе,
  • Меѓународен центар за Славјанска просвета – Свети Николе,
  • Образовна академија Виртуал-М Куманово,
  • Кристина Стевановска Маневска која го организираше и дизајнираше целиот настан,
  • Филип Стевановски кој го организираше музичкиот дел од настанот,
  • Лора Стевановска на која и беше посветена и подарена книгата „Вештачка интелигенција“,
  • Проф. Сашо Костовски кој ги лекторираше изданијата,
  • Проф. д-р Марјан Младеновски кој даде свое видување за книгите,
  • Дипл. псих. спец. Ивица Благојевиќ кој даде свое видување за книгите,
  • Наташа Крушиќ Лазаревска која го водеше настанот.