Промоција на учебници од Факултетот за економија од авторите Лилјана Василева, Јордан Ѓорчев и Бојко Соколовски

Предавање од проф. д-р Лилјана Василева – Бугарија
6 ноември 2018
Делегација од МСУ во Велико Трново по повод 55-годишнина од основањето на ВТУ „Св. св. Кирил и Методиј“
8 ноември 2018

Промоција на учебници од Факултетот за економија од авторите Лилјана Василева, Јордан Ѓорчев и Бојко Соколовски

Денес, 6-ти ноември, со почеток од 12:00 часот на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ се одржa промоција на учебници од авторите проф. д-р Лилјана Василева, проф. д-р Јордан Ѓорчев и доц. д-р Бојко Соколовски.
 
„Управување со квалитет“ и „Економски теории“ се во издание на нашата официјална издавачка куќа, Меѓународен Центар за Славјанска Просвета.
Проф. д-р Лилјана Василева од Бугарија, поранешен заменик министер во Министерството за економија на Бугарија и поранешен градоначалник на Софија, поранешна амбасадорка на Бугарија во Лаос, поранешен предавач на Универзитетот за национално и светско стопанство, Софија и други универзитети во Бугарија. Во моментов е предавач во Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, Варненскиот слободен универзитет „Черноризец Храбар“ и Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.
 
Доц. д-р Бојко Соколовски, официјален претставник на Варненскиот слободен универзитет „Черноризец Храбар“, претседател на Меѓународен центар за славјанска просвета од град Ќустендил, Р. Бугарија, предавач на Меѓународен Славјански универзитет „Г. Р. Державин“.
 
Проф. д-р Јордан Ѓорчев е претседател на Управен одбор и основач на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.