Доц. д-р Иван Ефремовски, Продекан за настава на Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ – Република Северна Македонија, по покана на Правно-историскиот факултет при Југозападен Универзитет „Неофит Рилски“ од Благоевград – Република Бугарија, на 23.11.2015 год. пред студентите од насоката Јавна администрација, магистерска програма „Управување со човечки ресурси“, одржа предавање на тема „Јавна администрација, академско истражување и академско пишување“.
Ова предавање претставува почеток на заедничките академско образовни иницијативи.
Истo така, доц. д-р Иван Ефремовски е избран за меѓународен консултант во уредувачкиот одбор на списанието “Law, Politics, Administration“ кое се издава на Правно-историскиот факултет во Благоевград.