Проф. д-р Мирослав Пендароски од Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет со свој труд зема учество на Петтата меѓународна академска конференција за човекова безбедност која се одржа во свечената сала на Ректоратот на Универзитетот во Белград од 4 до 5 ноември 2022.
Годинава темата на конференцијата организирана од Институтот за меѓународна политика и економија и Факултетот за безбедност при Универзитетот во Белград беше „Иновации, истражувања и знаењe во (ре)конфигурацијата на човековата безбедност“.
На конференцијата учество земаа 60 истражувачи од 26 земји кои ги презентираа резултатите од нивните истражувања на 9 панели.