Киноверзум подарува 50 влезници за филмот Кајмак

Проф. д-р Мирослав Пендароски зема учество на Петтата меѓународна академска конференција за човекова безбедност во Белград
20 ноември 2022
Успешно се одржа првиот ден од Деновите на психологија
24 ноември 2022

Киноверзум подарува 50 влезници за филмот Кајмак

На 26 ноември во 19:00 часот во Киноверзум – 3D кино во Свети Николе ќе се прикажува филмот на Милчо Манчевски, Кајмак. Киноверзум, единственото универзитетско 3D кино во земјава доделува 50 бесплатни влезници за студентите на Меѓународен славјански универзитет.



Услови за учество


Сѐ што треба да направите е да ја пополните формата која е објавена на оваа страница. Секој учесник може да аплицира за една или две влезници.

Добитниците на влезници ќе бидат избрани по случаен избор и нивните имиња ќе бидат објавени на оваа страница. Листата на добитници ќе биде објавена на 25 ноември (петок) до 20.00 часот.

Добитниците можат да ги подигнат влезниците директно во Киноверзум.

Редовната цена на влезниците е 180 денари, а за студентите на МСУ е 150 денари.


Аплицирање


Апликацијата е затворена.