На МСУ се одржа работна средба со претставници од Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана, Словенија
11 ноември 2023Покана за учество во крводарителска акција на МСУ во Свети Николе
13 ноември 2023Проф. д-р Мирослав Пендароски од Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет на 11 и 12 ноември, зеде учество на Конгресот на психолози на Македонија организиран од Комората на психолози. Проф. д-р Пендароски учествуваше со предавање на тема „Системскиот еклектицизам во современата психотерапија”. Исто така, тој одржа и работилница на тема „Партнерските односи низ призмата на системската динамика”.
Вклученоста на проф. д-р Мирослав Пендароски во Конгресот на психолози на Македонија ја нагласува важноста на доживотното учење, интердисциплинарната соработка и примената на современите пристапи за справување со комплексноста на менталното здравје и терапевтските односи во денешниот контекст.