На 15 декември 2015 година во рамките на Санктпетербуршкиот меѓународен културен форум кој се одржа од 13-15 декември 2015 година во Русија, на покана на министерството за култура на Руската Федерација присуствуваше Претседателот на УО на Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе – Битола, д-р Јордан Ѓорчев.
Претседателот присуствуваше и на 11-от состанок на Бордот на „Форумот на словенските култури“ каде што обраќање имаше и министерката за култура на Р. Македонија, Елизабета Канческа-Милевска