Денес група студенти од Факултетот за безбедност при работа во Свети Николе, имаше можност практично да се запознае со она што се изучува по предметите Проценка на ризик на работно место и Ризик од механички дејствија.
Нашите идни инженери посетија три организации од различни дејности. Од областа на градежништвото ја посетија компанијата „АГП” која се занимава со нискоградба, а од прехранбената индустрија компанијата „Андонов” и пречистителната станица за вода во Св. Николе.