Повик за упис на обука за CNC програмери и оператори – 4

МСУ додели уште една стипендија на новата ракометарка на ЖРК Овче Поле – Славјански Универзитет
9 јули 2022
Конкурс за стипендирање на спортисти – 2022/2023
14 јули 2022

Повик за упис на обука за CNC програмери и оператори – 4

Меѓународниот Славјански Универзитет по четврти пат ја организира обуката за CNC програмери и оператори, која можат да ја слушаат и посетуваат не само студентите на факултетите за информатика, туку сите што се заинтересирани да ја совладаат оваа програма.



Општи информации за обуката


Обуката ќе започне на 1 август.

Целата обука ќе трае 50 часови – предавања и вежби кои ќе се реализираат два пати неделно во траење од 3 часа. Предавањата ќе се реализираат во сабота и недела од 17:00 часот. 

Вкупно 30 часови (5 недели предавања) ќе бидат посветени на 3D моделирање и 20 часови ќе бидат посветени на работење со CNC машини. Еден час е 45 минути.

Вежбите ќе се реализираат во 1 викенд после првите 5 недели предавања (сабота и недела).

Работилницата ќе ја водат проф. д-р Хаџиб Салкиќ (Viber: +387 61 792 779) и Лејла Салкиќ.


Како ќе се одвива обуката?


Секој чекор на 3D моделирањето се работи практично чекор по чекор како и работењето на CNC машината, подготвување на работните простории, поставување на алатот, затегнување на предметот, безбедноста околу работењето на машината и префрлање од G кодот на Control Panel MACH 3 програм и останати видови опслужување на машината.

Теоретскиот дел од обуката се одвива онлајн.

Цртањето и дизајнирањето се работи во SolidWorks, моделирање на 3D се работи во ArtCAM, а софтверот за работа на машината е MACH3. Машината е со основни 3 оски – x, y и z и дополнителна четврта оска (ротациона).

Практичниот дел се состои од пуштање на машина и изработка на модел. Секој кандидат изработува посебен 3D модел. Практичниот дел ќе се одржува на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе, во просториите на  CNC академијата.

По успешно завршениот курс учесниците добиваат диплома/сертификат на македонски и германски јазик.


Финансиски услови


Цената на обуката е 400 евра.

Уплатата може да се направи онлајн на нашата веб страница.

Доколку сакате да направите уплата на трансакциска сметка, уплатата можете да ја направите на следната сметка: 200002690444081 (Стопанска банка) – Институт за инженерска економија – Свети Николе со назнака за ЦНЦ обука.


Како да се пријавите?


За да се пријавите, Ве молиме пополнете ја следнава апликација:

Пријава за обука за CNC програмери и оператори

Лични податоци

Контакт информации

Податоци за начинот на учество