Почитувани студенти,
Здружението на студенти при Меѓународен Славјански Универзитет објавува повик за младинска размена во Романија за Еразмус+ проектот насловен “Tolerance and Harmony Through Film and Photography”.
Младинската размена ќе започне на 22 август 2021, а ќе трае до 31 август 2021.
Организатор на младинската размена е CENTRUL DE RESURSE PENTRU REGENERARE URBANA од Темишвар, Романија.
Овде преземете го документот со информации.
Потребни се вкупно 7 учесници.
Учесниците можат да бидат на возраст од 18 до 24 години и треба да имаат познавање на англиски јазик.
Можете да се пријавите најдоцна до 16 август 2021.
По пријавувањето ќе бидете контактирани од нашите служби за повеќе детали.
Пополнете ја формата во прилог и ние ќе Ве контактираме наскоро.
За дополнителни прашања Ве молиме обратете се на info@zs.msu.edu.mk