Повик за младинска размена – Organic farming – Entrepreneurship Opportunity for Young People in Rural Areas
Здружението на студенти при Меѓународен Славјански Универзитет Ве поканува на нова младинска размена во Романија. Во партнерство со РРОМА овозможуваме на 8 студенти да бидат дел од младинска размена поддржана од Еразмус+ програмата.
Проектот Organic Farming – Entrepreneurship Opportunity for Young People in Rural Areas вклучува десетдневна младинска размена на која учество ќе земат 40 млади луѓе на возраст од 16 до 24 години од 5 земји: Македонија, Бугарија, Шпанија, Турција и Романија.
Целите на младинската размена се:
Да се збогати знаењето на 40 млади луѓе, од 5 земји, за еколошкото земјоделство и претприемништво во руралните средини;
За време на размената да се развијат претприемачките и иновативните вештини на учесниците, со тоа што ќе развијат бизнис идеи за доброто на заедницата;
Да се поттикне интересот на учесниците, да практикуваат и промовираат органско земјоделство и претприемништво, како активни граѓани вклучени во развојот на руралната заедница, при размената и по престанокот на истата.
Колку учесници се потребни?
Потребни се вкупно 8 учесници.
Учесниците можат да бидат на возраст од 16 до 24 години и треба да имаат познавање на англиски јазик.
До кога е пријавувањето?
Можете да се пријавите најдоцна до 28 јуни 2022 година.
По пријавувањето ќе бидете контактирани од нашите служби за повеќе детали.
Што е обезбедено?
Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.
Трошоците за сместување и храна се покриени за сите учесници за времетраење на младинската размена.
Патните трошоци се покриени.
Задолжителни документи за патување:
Валиден пасош (6 месеци пред рокот на истекување)
Патничко осигурување
Дигитален ковид сертификат добиен по извршена вакцинација со една од вакцините одобрени од ЕМА (вакцинирани најмалку 14, а најмногу 270 дена пред патувањето во ЕУ)
Потврда/сертификат за оздравување (за оние кои прележале Ковид-19 во претходните 180 дена)
Аплицирање
За пријавување, Ве молиме пополнете ја следнава апликација и ќе бидете контактирани од страна на нашиот тим.
За дополнителни прашања Ве молиме обратете се на info@zs.msu.edu.mk