Повик за младинска размена – Organic farming – Entrepreneurship Opportunity for Young People in Rural Areas

Габриела Матискова од Чешка студираше еден семестар на МСУ и го споделува нејзиното искуство како Еразмус+ студент
25 јуни 2022
Ракометарките од ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет го прославија првото место во плеј-аут табелата во Женската лига
4 јули 2022

Повик за младинска размена – Organic farming – Entrepreneurship Opportunity for Young People in Rural Areas

Здружението на студенти при Меѓународен Славјански Универзитет Ве поканува на нова младинска размена во Романија. Во партнерство со РРОМА овозможуваме на 8 студенти да бидат дел од младинска размена поддржана од Еразмус+ програмата.

Проектот Organic Farming – Entrepreneurship Opportunity for Young People in Rural Areas вклучува десетдневна младинска размена на која учество ќе земат 40 млади луѓе на возраст од 16 до 24 години од 5 земји: Македонија, Бугарија, Шпанија, Турција и Романија.



Целите на младинската размена се:


  • Да се збогати знаењето на 40 млади луѓе, од 5 земји, за еколошкото земјоделство и претприемништво во руралните средини;
  • За време на размената да се развијат претприемачките и иновативните вештини на учесниците, со тоа што ќе развијат бизнис идеи за доброто на заедницата;
  • Да се поттикне интересот на учесниците, да практикуваат и промовираат органско земјоделство и претприемништво, како активни граѓани вклучени во развојот на руралната заедница, при размената и по престанокот на истата.

Колку учесници се потребни?


Потребни се вкупно 8 учесници.

Учесниците можат да бидат на возраст од 16 до 24 години и треба да имаат познавање на англиски јазик.


До кога е пријавувањето?


Можете да се пријавите најдоцна до 28 јуни 2022 година.

По пријавувањето ќе бидете контактирани од нашите служби за повеќе детали.


Што е обезбедено?


Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

  • Трошоците за сместување и храна се покриени за сите учесници за времетраење на младинската размена.
  • Патните трошоци се покриени.

Задолжителни документи за патување:


  • Валиден пасош (6 месеци пред рокот на истекување)
  • Патничко осигурување
  • Дигитален ковид сертификат добиен по извршена вакцинација со една од вакцините одобрени од ЕМА (вакцинирани најмалку 14, а најмногу 270 дена пред патувањето во ЕУ)
  • Потврда/сертификат за оздравување (за оние кои прележале Ковид-19 во претходните 180 дена)

Аплицирање


За пријавување, Ве молиме пополнете ја следнава апликација и ќе бидете контактирани од страна на нашиот тим.

За дополнителни прашања Ве молиме обратете се на info@zs.msu.edu.mk

Апликацијата е затворена.