Габриела Матискова од Чешка студираше еден семестар на МСУ и го споделува нејзиното искуство како Еразмус+ студент

На МСУ во Свети Николе промовирана книгата „Старецот и короната“ од Јован Дамјановски
23 јуни 2022
Повик за младинска размена – Organic farming – Entrepreneurship Opportunity for Young People in Rural Areas
25 јуни 2022

Габриела Матискова од Чешка студираше еден семестар на МСУ и го споделува нејзиното искуство како Еразмус+ студент

Во февруари годинава Меѓународен Славјански Универзитет и посака добредојде на Габриела Матискова, студентка која дојде на Еразмус+ мобилност, од Универзитетот Масарик во Брно, Чешка. Таа студираше еден семестар на додипломските студии на Факултетот за правни науки при МСУ.

Габриела беше присутна на сите предавања кои беа онлајн, додека испитите ги полагаше со физичко присуство на кампусот во Свети Николе и беше во константна комуникација со професорите и вработените во Канцеларијата за меѓународни односи при МСУ.

Во продолжение можете да видите дел од нејзините авантури за време на престојот овде и да прочитате за нејзините впечатоци и за Еразмус+ искуството кое ќе го памети цел живот. На фотографиите можете да ја погледнете и нејзината најнова тетоважа која ја направи неколку дена пред крајот на нејзината мобилност. На нејзината рака е тетовиран зборот „Љубов“ на македонски јазик, како спомен од нејзините авантури во Македонија.




Здраво на сите!

Јас се викам Габриела и сум 23-годишна девојка од Чешка. Го поминав пролетниот семестар од 2022 година како дел од Еразмус+ прогтамата во Северна Македонија, поточно на Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Иако часовите ми беа онлајн и беше малку далеку од Скопје до кампусот, на првиот ден од семестарот целиот тим за меѓународни односи ме пречека многу убаво и ми даде можност да ги остварам моите први контакти на моето студирање во странство. Во текот на целиот семестар луѓето од универзитетот секогаш беа многу подготвени да ми помогнат во сè, без разлика дали тоа беа лични прашања во врска со мојот престој или студирањето, и би сакала да им се заблагодарам и на професорите за нивниот одличен пристап.

Поминав 5 месеци во Македонија, а откако дојдов од Чешка со автомобил и го имав тука цело време, имав можност многу да патувам. Јас бев на најубавите места во Македонија како Охрид, Маврово, Битола и Кањонот Матка. Дури еден викенд поминав и во Солун, Грција, бидејќи е помалку од 3 часа со автомобил од Скопје.



Мора да се каже – природата е прекрасна во цела Македонија. Беше прекрасно да се види трансформацијата од зима во пролет и како сè оживува – како луѓето, така и местата во Скопје, кое е навистина рај за младите луѓе, толку многу кул места!

И покрај фактот дека тоа не беше класична Еразмус+ мобилност во смисла на спектакуларни настани со други студенти на Еразмус+, ниту за момент не зажалив што ја избрав Македонија. Се заљубив во македонската кујна и стекнав супер пријатели со кои се надевам дека ќе бидам во контакт до крајот на мојот живот. Покрај тоа, во Македонија имав можност да ги доживеам работите од многу автентична перспектива, бидејќи повеќето од моите пријатели овде се локални жители, на пример, сега знам како изгледа македонска прослава за новороденче или како изгледаат локалните велигденски традиции!

Македонија засекогаш заслужи место во моето срце и со нетрпение чекам повторно да ја посетaм оваа прекрасна земја!

Поздрав,
Габриела.