Центарот за кариера при Меѓународен Славјански Универзитет и Здружението на студенти при Меѓународен Славјански Универзитет потпишаа Меморандум за соработка со Општинско основно училиште „Димитар Влахов“ во Штип преку кој се овозможува практична работа на студентите на МСУ во ова училиште. Потписници се Софија Радончиќ, претседател на Здружението на студенти при МСУ, м-р Мартин Ѓорѓиев, раководител на Центарот за кариера при МСУ и Невенка Величкова, директор на ООУ „Димитар Влахов“ – Штип.
Здружението на студенти при МСУ и Центарот за кариера при МСУ, во еден значаен и иновативен чекор напред, започнаа со потпишување на нови меморандуми за соработка и истовремено со обновување на веќе постоечките со различни организации и компании. Оваа стратешка одлука е насочена кон олеснување на интеграцијата на студентите во практичниот аспект на нивното образование во текот на студиите.
Оваа иницијатива е од исклучително значење затоа што овозможува студентите да стекнат реално искуство, кое е неопходно за нивната идна кариера, преку работа на проекти кои директно придонесуваат кон нивното професионално развивање и зголемување на нивната конкурентност на пазарот на трудот. Заедничкото потпишување на меморандумите сведочи за посветеноста кон создавање на практични програми кои ги подготвуваат студентите за реалните предизвици на работното место и ги подобруваат условите за учење и развој на студентите.