МСУ е еден од основачите на Балканскиот универзитетски центар
22 март 2023Презентација на МСУ во средното музичко училиште „Тодор Проески“ – Битола
22 март 2023На 20 март 2023, во сојузната држава Мадја Прадеш во Индија Меѓународен Славјански Универзитет потпиша договор за соработка со Универзитетот Сардар Пател кој има повеќе од 6000 студенти.
Договорот беше потпишан од ректорот на Универзитетот Сардар Пател, д-р Биплаб Паул, и м-р Михаела Ѓорчева, член на Управен Одбор на Меѓународен Славјански Универзитет. На потпишувањето на договорот од МСУ присуствуваше и Иван Спасев, член на Управен Одбор, а од Универзитетот Сардар Пател присуствуваа деканите на сите 13 факултети како и основачот на универзитетот, Дивакар Синг.
Свеченоста по повод потпишувањето на договорот беше подготвена во духот на индиските традиции и се одвиваше пред повеќе од 500 студенти на Универзитетот Сардар Пател. Изразуваме голема благодарност до нашиот нов партнер за прекрасно организираниот дочек.
Во договорот за соработка се опфатени програми за размена на студенти и наставен кадар, заеднички истражувања и доживотно учење.