Потпишан договор за соработка со ЈП „Национални шуми“

Даниела Цонева, Галја Павлова, Татјана Цветанова и Јаница Недева од Великотрновскиот универзитет „Св. св. Кирил и Методиј“ во посета на МСУ во рамки на Еразмус+ програмата
23 август 2022
Повик за првата меѓународна стручна и научна конференција „Public utility systems development towards sustainability and efficiency” – Мејбери Лејк, Претор
25 август 2022

Потпишан договор за соработка со ЈП „Национални шуми“

На 23 август 2022 година во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет беше потпишан Договор за соработка помеѓу Меѓународен Славјански Универзитет и ЈП „Национални шуми“.

Договорот го потпишаа Валентин Груевски, в.д. директор на ЈП „Национални шуми”, и проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен Одбор на Меѓународен Славјански Универзитет. На потпишувањето на договорот присуствуваа проф. д-р Живко Митревски и проф. д-р Љупчо Вчков, директор на Институтот за инженерска економија при МСУ.

Со договорот се предвидуваат попусти за студирање за сите вработени на ЈП „Национални шуми“ и членовите на нивните семејства.