Ве покануваме да земете учество на претстојната акција за дарување крв што заеднички ја организираат Меѓународен Славјански Универзитет, Црвен крст и Институт за трансфузиона медицина. Овој настан ќе се одржи во универзитетскиот кампус во Свети Николе на 20 ноември 2023, со почеток во 9:30 часот. Крводарителската акција ќе трае до 14:30 часот.
Ги повикуваме студентите и нашите соработници да ни придружат во оваа благородна акција, негувајќи го духот на солидарност. Вашето учество не само што е добредојдено и многу ценето, но може да спаси и живот.