На 15 ноември 2022 година во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет се одржа презентација за вработените лица и студентите на факултетите за тоа што претставува ЈП Службен весник на РСМ, кои се надлежностите на Службен весник, начинот на пребарување на сите прописи преку нивната електронска база како и новата мобилна апликација за пребарување на прописи. Говорници на настанот беа вработените од ЈП Службен весник на РСМ.
ЈП Службен весник на РСМ, како единствено со закон овластено претпријатие кое ги објавува законите и другите прописи и акти во службеното гласило „Службен весник на РСМ” располага со електронска база на целото национално законодавство со изворни податоци. Оваа електронска база е, и треба да биде основна алатка за секојдневно безбедно правно постапување. Електронската база е потребна услуга за сите правни лица кои имаат потреба од секојдневно пребарување на македонската легислатива, но и важна алатка за студентите на сите факултети, а најмногу на факултетите за правни науки.