На 19.12.2022 на Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет проф. д-р Сашо Кочанковски и Центарот за човекови права АМОС од Битола го промовираа електронското издание на Прирачникот за образование на човекови права КОМПАС, издаден од Советот на Европа, кој од неодамна е преведен на македонски јазик и е поставен на веб страницата на Советот: (https://www.coe.int/mk/web/compass/home).
Покрај промоцијата студентите учествуваа во интерактивна работилница на тема „НEдискриминација“ креирана според содржините на Прирачникот и реализирана од страна на студентите кои под менторство на доц. д-р Горица Поповска Налевска развиваа и практично ги применуваа дидактичко-методските компоненти неопходни за квалитетно реализирање на интерактивен час.