Славјански награден како најуспешен универзитет на Истокот
27 февруари 2016Второ полуфинале од натпреварот во ораторство во одделението во Битола
11 март 2016Денес во организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола се одржа регионалниот натпревар „Млади претприемачи“ на кој се натпреваруваа 9 екипи со по 5 членови.
Натпреварот се одржа во просториите на средното училиште, а учествуваа ученици од неколку градови на Македонија. Екипите беа мешани, па така секоја група беше составена од ученици од различни училишта. Нивна задача беше да дадат предлог решение за модел на стипендирање кој според нив би бил најсоодветен за идните студенти. Учениците денес покажаа голема креативност, иновативност, оригинални идеи и капацитет за справување со проблеми.